Бадр Хари го прозива за реванш Аркадиуш Врожек

Мароканската кик-бокс легенда Бадр Хари сака реванш со Аркадиуш Врожек. Тие се бореа на почетокот на септември. Бадр прикажа одлична борба и три пати го собори противникот.

Се чинеше дека ова ќе биде лесна победа за него, но еден удар промени се. Хари беше опседнат со нокаутот, а Врожек му упати висок удар во главата на Хари и го нокаутира во втората рунда. Ова беше 4-ти последователен пораз за Хари во Глори.

Многу луѓе го повикаа уште еднаш да стави крај на кариерата, но тој не планира да го стори тоа. На социјалните мрежи Глори ги праша фановите за следниот противник на Хари. Во коментарите интервенираше Лошото момче од Мароко и повика на реванш со Вжосек.

Глори нема да има настани оваа година, а нивната следна гала вечер ќе се одржи на почетокот на 2022 година.

Ова е видеото од нивната борба која се одржа во септември:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО