Усман Нурмагомедов приведен под сомнение дека со автомобил удрил полицаец (ВИДЕО)

Братучедот на Хабиб, Усман Нурмагомедов (14-0) одеднаш се најде во неволја. Имено, московската полиција го уапсила борецот на Белатор, а тој моментално е во притвор.

Усман е приведен поради сомнение дека со автомобил избегал од местото на несреќата заедно со неговиот пријател Камал Идрисов.

Во бегство со автомобил удрил полицаец, а инцидентот се случил во близина на аеродромот во Каспиското Море.

Откако со авион слетале во Москва, полицијата ги уапсила и двајцата. Засега не е познато кој го управувал автомобилот.

Усман се изјасни за невин.

Непоразениот Дагестанец, откако доминираше на различни промоции оваа година, потпиша за Белатор, за кој веќе имаше три борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО