Сребро за Дејан Георгиевски на „Галеб Белград трофеј – Србија опен“

Дејан Георгиевски освои сребрен на Меѓународниот таеквндо турнир „Галеб Белград трофеј – Србија опен“ во Белград, Србија, од Г-1 серијата.

Георгиевски во финалето загуби 1-2 од Иван Мартинез од Шпанија, иако досега го победил трипати.

Претходно Дејан ги совлада преставниците на Германија и Шпанија, Роберт Манеа и Андре Перез.

Сепак, Георгиевски чекор по чекор ги собира поените за Олимписките игри во Париз 2024 година.

Следната недела Георгиевски ќе настапи на Г-1 турнирот во Тирана, Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО