На џиу џицу турнирот „Марибор опен 2016“ во Словенија Моника Младеновска од Такеда и Јаким Колевски од Дан кју освоија сребрени медали.
Моника Младеновска (-62кг) медалот го освои во јуниорска конкуренција, а Јаким Колевски (-31кг) во натпревар на деца, Јаким Колевски (-31кг).
Марибор опен е еден од посилните турнири во Европа, на кој учествуваа 250 натпреварувачи од 12 држави.
„Тежок турнир со борци од Италија, Словенија, Австрија, Германија. Им честитам на прикажаните борби и очекувам поголеми успеси на претстојните турнири во Будва, Франкфурт, Алексинац и Бања Лука“, вели претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски.
Во склоп на овој турнирот се одржа и првото коло од Јадранската лига, каде што екипата од Македонија во првите борби се сретне со домаќинот од Словенија, а во вториот настап со НиФ Алексинац – Србија. Екипата и оваа година настапи под името Оенсеи Балекс.
На Марибор опен 2016 настапија: -81 кг Христијан Јованов, јуниори -77 кг Даниел Димитров, деца Б Станислав Грпов –сите од Осенсеи од Штип; од Такеда – Скопје ќе се натпреваруваат деца (2002/2003/2004)- Кенанџан Мејзини (+60кг), јуниори (1996/1997/1998) – Моника Младеновска (-62кг) и Дан кју – Скопје, деца Б ( 2005/2006/2007) – Зоран Колевски (-27кг), Јаким Колевски (-31кг), јуниори ( 1996/1997/1998) – Александар Трајковски (-62кг). Судија Драган Трајановски (Национал А).