Кличко: Претстојната борба со Фјури е најважната во мојата спортска кариера

Klicko go udira Fjuri vo stomak

Украинскиот боксер во супер тешка категорија, Владимир Кличко (64-4, 53 КО) смета дека реваншот против светскиот шампион на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) за најважен натпревар во својата кариера.

„Не знам што ќе се случи во иднина со мојата кариера. Се разбира, имам планови во однос на она што ќе правам кога боксерската кариера ќе ми заврши. Но, токму сега мислам само за мечот со Фјури. Ќе видиме што ќе се случи по-натаму.

Сакам да си ги вратам појасите. Ова ќе биде најважната борба во мојата спортска кариера. Секогаш работите испаѓаат подобро кога луѓето навиваат против мене. А во Манчестер 90 отсто од гледачите во салата ќе бидат против мене“, изјави Кличко.

 Како што е познато, реваншот меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури е планиран за 9 јули во Манчестер. Првиот натпревар во ноември минатата година заврши со победа на Фјури по поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО