Сребрени медали за ката тимот и Владанка Аврамова на Карате Кроација опен!

Karate reprezentacija naKarate Koracija open 2015 Rieka

И вториот ден на „Карате Кроација опен 2015“ во Риека, Хрватска, беше успешен за македонските каратисти, кадетскиот репрезентативен машки ката-тим (Ѓорги Банов, Јован Васиќ и Христијан Димитријевски, до 17) и Владнака Аврамова од Урбан инвест (кадети од 12 до 13 години) ги освоија сребрените медали, а Петар Аврамов, исто така од Урбан инвест за деца до 12 години и Доан Османи од КК Фати (јуниори, до 76 кг) ги освоија бронзените медали.

Vladanaka na Karate kroacija open 2015

 Владанка до сребрениот медал стигна со 4 победи и 1 пораз. Во првото коло ја победи на натпреварувачката од Австрија со 5-0, во второ натпреварувачката од Франција со 5-0, додека во третото коло со 5-0 е совлдана каратистка од Италија и за влез во финале победа над Хрватка од 5-0. Во финалниот меч изгуби од натпреварувачката од Италија со резултат 2-3.

Петар Аврамов до бронзениот медал во кати за натпреварувачи 10/11 години, во првото коло победи на натпреварувач од Хрватска со 5-0, потоа од Босна со 5-0, а за влез во финалето загуби од натпреварувач од Италија со 2-3. Во репасажот меч го победи хрватскиот натпреварувач со 4-1.

Вчера златни медали освоија: Филип Несторовски (-70 кг, кадети) и Петар Спасеновски (+76, јуниори) од Металург и Емилија Јањиќ (кадети, + 54 кг); Азис Исмаил (-75, У-21) е втор, а Роберто Ацковски (-63, кадети), Драгана Манговска 9- 48, јуниори), Семир Ќосовиќ (+84 , У-21) и Адил Мехмед (-68 кг, јуниори 21) и Фаик Весели (- 52 кг) ги освоија бронзените медали.

Petar Avramov na Karate kroacija open 2015

Карате федерацијата на Македонија во вкупнот пласман е девета со вкупно освоени 11 медали (3 златни, 2 сребрени и 6 бронзени). Најдобра беше Карате федерацијата на Србија со 23 медали (10-4-9), па следи ГЛЦ Филјак од Италија (7-3-13), француската репрезентација (6-6-5), Унгарската федерација (6-2-5) итн. А во пласманот на држави е осма со 13 медали (3-3-7), прва е Хрватска,па следат Италија, Србија, Франција итн.

Како посебни екипи настапија КК Урбан инвест од Кавадарци е на 52-ро место, додека КК Вардар и КК Форца, кои не освоија медал, се пласираа на 106, односно 119 место.

Турнирот е значаен бидејќи треба да се финализира списокот за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта, Индонезија, од 12 до 15 ноември.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО