Македонија освои два сребрени медали на Балканско џиу џицу првенство во Босна и Херцеговина.
Медалите ги освоија Ева Димитрова (+70 кг) во У-21. Димитрова во борбата за златниот медал е поразена од Анџела Вукчевиќ од Црна Гора.
Јован Николиски (-27 кг) во борби до 12 години, кој загуби од Патрик-Андреј Апосту од Романија.
Катерина Ацевска која беше голем адут за медал на БП е дисквалификувана затоа што тренерот имал напис на маицата Македонија. Претседател на Балканската џиу џицу федерација е Грк.
Тренерот Александар Ацевски по ова на Фејсбук порача: „Нека разберат клетите душмани, МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ“!