Вториот ден на Балканското карате првенство за деца во Бар, Црна Гора, Македонија освои две сребра. Медалите ги освоија Ајан Муареми и Јасин Камбери.
Со вчерашните три бронзи Македонија има псвоено вкупно пет медали.
Медалите ги освоија:
Ајан Муареми -35 кг до 10 години, борби – сребрен медал
Ајан Муареми – Јоанис Цимпос (Грција) 0-0
Ајан Муареми – Борна Хасановиќ (Хрватска) 8-0
Ајан Муареми – Тодор Тодиќ (БиХ) 4-2
Ајан Муареми – Али Ејмен Јесилбаш (Турција) 1-0
Финале
Ајан Муареми – Кузеј Динлер (Турција) 0-6
Јасин Камбери +50 кг до 11 години, борби – сребрен медал
Јасин Камбери – Рејан Хардоли (Црна Гора) 2-0
Јасин Камбери – Омер Ебру (Турција) 8-1
Јасин Камбери – Меритон Зејнели (Македонија) 3-2
Финале
Јасин Камбери – Филип Илинчиќ (Црна Гора) 0-2
Вчера со медали се закитија Милла Николова во борби +50 кг до 12 години (4 победи и 1 пораз), Тодор Сутинов во кати за деца до 11 години
и Верон Дервиши во кати за деца до 12 години.