И помладите кикбоскери на Македонија се враќаат со три медали од Европскиот куп во Карловац-Хрватска, еден сребрен и два бронзени.
Викторија Варадинова во категоријата до 60 килограми за постари кадети во лајт контакт го освои сребрениот медал, бидејќи во финалето беше поразена од Лорена Јуришиќ од Сушак. Нејзината клупска другарка, Јована Арсова (-55 кг), беше трета во кик лајт за постари кадети.
Јуниорот Дурак Асани (-84 кг) во кик лајт се избори за бронзениот медал.
Да потсетиме дека Бобан Илиоски (-75 кг) и Димитар Георгиев (-81 кг) освоија златни медали во сениорска конкуренција во лоу кик, а Милан Кубин (-91 кг) бронзен медал.
Илиоски имаше три борби, полуфиналето и финалето ги одби со нокаут и беше прогласен за најдобар борец на турнирот. И Ѓоргиев имаше три борби во кои славеше.
А, Бајрам Рамадани (- 69 кг) и Јакуп Исејни (-79 кг) исто така во сениорска конкуренција, но во кик лајт освоија бронзени медали, како и Хадис Рамадани (-67 кг), но во јуниори во лоу кик се закити со бронзен медал.
На турнирот учествуваа 1005 натпреварувачи од 159 клубови од 21 држава.
KL – Starije kadetkinje -55
|
KL – Juniori -84
|
LC – Starije kadetkinje -60
|