Борачот на Тефејуз, Шукри Асани (– 96 кг) го освои сребрениот медал на 32.„Џумхуријет купот“ во Истанбул – Турција. Асани го освои второто место со една победа, а во финалето изгуби од Русин кој се бори за Турција.
Армин Идризи (-57 кг) првата борба ја доби туш на турски борач, но потоа загуби од друг Турчин, со што беше елиминиран од понатамошните борби. Бујамин Нуиши (-74 кг) со истиот скор, победи Турчин а изгуби од Азербејџанец. Имаше борба за трето место против борач од Турција.
Ipon.mk/В.Д.