Македонија го освои сребрениот медал во борби екипно на Балканското првенство во Истанбул откако беше поразена во финалето од Хрватска со 3-1.
За нашата репрезентација победа извојува Иво Цветковски поради дисквалификација на противникот поради силен удар, поради што и не можеше да ја продолжи борбата. Мартин Несторовски се бореше мирољубиво 0-0, додека Жарко Арсовски ја загуби борбата на три секунди пред крајот со 1-0, а Сашко Патраклиев загуби 4-0. Во решавачката борба Енес Смаилагиќ се бореше храбро, но поради обновување на повредата беше одлучено да не ризикува многу, така и противникот поеде со 1-0.
Нашата репрезентација во првата борба ја совлада репрезентацијата на Црна Гора со 3-0.
Јунакот на оваа победа е Тодор Ристески кој се бореше со тешкаш и заработи повреда во почетокот на борбата под муцаката. Но тоа не го поколеба, се бореше машки и славеше со 5-1, со што му донесе водтсво на нашиот тим од 2-0. Претходно Жарко Арсовски славеше со 1-0 во првата борба.
Ристески поведе со 1-0, со еден атрактивен маваши гери заработи ипон, а потоа уште еден поен и поведе со 5-0. Противникот намали на 5-1.
Во наредната борба Мартин Несторовски рутинирано стигна до победа од 2-0.
Во полуфиналето извојуваме убедлива победа од 3-0 против Босна и Херцеговина, при што решавачка беше борбата на Сашко Патраклиев. Оваа борба беше со многу пресврти и на 22 секунди босанскиот репрезентаивец беше дисквалификуван поради четврта казна за влечење при резултат 3-2 за него. Но, Патраклиев ја имаше иницијативата и не беше спорно дека ќе обезбеди поволен резултат.
За нас прво настапи Несторвски, кој победи со 2-0, а Иво Цветковски ремизираше 0-0, додека Арсовски тргна со негатива од 0-1, за да победи со 3-1, при што решавачкиот поен го направи на три секунди пред крајот.
Машкиот ката тим освои бронзен медал, кој беше поразен од Србија за велз во финале.
Ipon.mk/В.Д.