Сребрен медал за Марко Андонов „Сербијан греплинг куп“ (ФОТО)

Борачот на ПБК Безбедност од Скопје, Марко Андонов, денес на 6. „Сербијан греплинг куп“ во Кула го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција во категоријата до 71 килограм.

Макрко до медалот стигна со две победи. Тој ги совлада Немања Павловиќ и Стеван Пекеч од Србија, додека во финалето загуби 1-2 од српскиот натпреварувач Лука Писариќ.

„Во една силна конкуренција, Андонов демонстрираше одлични борби, а посебно важно е да се икстакне дека и во финалната борба имаше можност и да победи, односно нијанси го одлучија победникот“, велат од Безбедност.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО