Македонскиот ката тим постигна голем успех освојувајќи го сребрениот медал на на Светското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта, Индонезија.
Нашиот репрезентативен состав е поразен со 4-1 во финалето од Франција.
На патот до финалето македонскиот јуниорски ката тим стигна со победите над силната репрезентација на Шпанија со 3-2, потоа со 5-0 против Иран, а во полуфиналето ја победија фаворизираната екипа на Германија со 3-2.
Сестрите Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа, предводени од тренерот на репрезентацијата, Златко Димоски, и го освоија единстевниот медал за Македонија на ова Светско првенство, што е голем успех за македонското карате.
https://youtu.be/XlZzTC4VNEE
Ipon.mk/В.Д.