Ката тимот на Македонија е во финалето Светското првенство во Индонезија!

kata tim reprezentacija2015-10-24 11.13.48

Женскиот ката тим на Македонија во јуниорско-кадетска конкуренција е во финалето на Светското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта, Индонезија.

Сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа во првото коло ја совладаа силната репрезентација на Шпанија со 3-2, потоа со 5-0 го декласираа Иран, а во полуфиналето ја победија фаворизираната екипа на Германија со 3-2.

Нашиот ката тим во финалето ќе се сретне со екипата на Франција.

Виктор Крстевски (-84 кг) е поразен во првото коло од Французинот Жеси да Коста со 7-0, а Емануел Ристевски во второто коло претрпе пораз од 3-0 од Маркос Мартинез Велила од Шпанија, бидејќи о првото коло беше слободен.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО