Репрезентативките од Макпетрол, викендов учествуваа на Меѓународниот карате турнир „Карате ворлд гранд при – Алија Изетбеговиќ“ во сСраево, при што Ангела Мојсовска го освои сребрениот медал.
Покрај Ангела настапија и Наташа и Моника Стефановски.
Мојсовска во елиминацискиот дел имаше три победи, а во финалето загуби од Ивона Чавар од Босна и Херцеговина.
„Ова за Ангела преставуваше многу добра контрола непосредно пред Европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Нови Сад, Србија, 11-13 мај“, изјави тренерот Бошко Заборски.
Турнирот во Сараево се одржа по повод јубилејот 50 години од постоењето на каратето во организација на најстариот карате клуб во Босна и Херцеговина ККБосна. Натпреварувањето за сениорките беше за Топ 8 најдобри карате сениорки во тежински категории -68 кг и +68 кг.
Ipon.mk