Сребрен медал за Ана Марија Георгиевска на најсилниот таеквондо турнир „Австрија опен“

Сребрен медал за Ана Марија Георгиевска „Австрија опен 2017“ на најсилниот турнир во Европа во олимпиското таеквондо во Инсбрук, Австрија. Медалот го освои во категоријата до 59 килограми во јуниосрка конкуренција А класа.

Георгиевска во финалето беше поразена со златен поен од актуелната европска шампионка од Хрватска, Ника Клепач, откако средбата заврши 0-0. Според тренерите на Георгиевска, цела време борбата била нерешена. Ана Марија е сестра на нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски.

На Австрија опен учествуваа над 50 држави од цел свет, и тоа со А селекциите. На турнирот се освојуваа бодови за Олимписките игри во Токио 2020, бидејќи овој турнир е од серијата Г-1.

Ана Марија забележа 4 победи над противнички од Леа Болажа-Франција 2-0, Михаела Разимова – Чешка 13-12, Софи Николсон – Канада 3-0 и Ника Барич – Хрватска 15 – 2.

Од другите наши натпреварувачи најблиску до медал беше Ненад Мрчковски (59 кг, јуниори) со две победи над Ноа Ханик од Белгија 5-1 и Пиетро Пасареси од Италија 8-4 и пораз во полуфиналето од Овен Тарнер од Велика Британија со 1-6.

Останатите репрезентативци прикажаа добри борби,иако беа поразени вопрвото коло.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON