Сребрен медал за Александров и бронза за Лазаровска на Балканскиот кендо куп во Ниш

Македонските репрезентативци во кендо освоија сребрен и бронзен медал во индивидуалните борби на 11.Балкански кендо куп во Ниш, Србија.

Андреј Александров го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција, а бронзата и припадна на Ивона Лазаровска.

„Одличен индивидуален настап. Сениорите имаа добри борби, ама никој не успеа да земе медал“, велат од нашата репрезентација.

Утре се екипните натпревари, а Македонија е во група со Грција и Србија. Потребно е барем една победа за да оди во елиминации нашиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО