Сребрен медал за Адријан Аземи на Купот на нациите во Врбас (ФОТО/ВИДЕО)

 

Адријан Аземи го освои сребрениот медал на Купот на нациите за јуниори во Врбас, Србија, откако во финалето беше поразен од Аманат Сабиргали од Казахстан.

Аземи постигна извонреден резултат и покажа најмногу дух од нашите репрезентативци на овој силен меѓународен турнир, бидејќи останатите македонски босери беа поразени во првиот настап. Селекторот Петар Чурлиновски сигурно е задоволен од резултатот нанашиот тешкаш.

Во првата рунда се боксираше претпазливо, но кон крајот во една размена нанашиот боксер му броеја. Втората Аземи тргна силно и успеа да зададе неколку удари, а Казахстанецот добро блокираше и возвраќаше и ги користеше долгите раце. Се стекна со предност. Аманат ја контролираше и третата рунда, додека неговата снага дојде до израз, со што заслужено победи со долука на судиите.

Воведот во финалето беше со „Македонско девојче“.

Резултати
Адријан Аземи (+80 кг) – Ахмад Ахмадов (Азербејџан) 3-2 (28-29, 29-28, 30-27, 27-30, 29-28)
Адријан Аземи (+80 кг) – Георги Аушев (Казахстан) 3-2 (29-28, 29-28, 29-28, 27-30, 27-30)
Финале
Адријан Аземи (+80 кг) – Аманат Сабиргали (Казахстан) 0-5 (27-30, 27-30, 27-29, 28-29, 27-30)

Елес Асанов (-52 кг) – Александар Фредриксон (Шведска) пораз со прекин во Р 1
Илхан Озмен (-54 кг) – Кевин Бом (Шведска) 0-5 (28-29, 27-30, 27-30, 27-30, 27-30)
Алпај Демиров (-60 кг) – Брион Каротерс (САД) 0-5 (27-30, 27-30, 27-30, 27-30, 27-30)
Ајхан Озмен (-60 кг) – Лука Непергача (Србија) 0-5 (27-30, 28-29, 27-30, 27-30, 28-29)
Трајче Илиоски (-63 кг) – Торенс Џејден (Велс) 1-4 (28-29, 28-29, 28-29, 29-28, 28-29)

Борбата на Аземи е на крајот.

https://youtu.be/9Wlq_yp56Qw

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО