Сребрен медал за Абдурахим Идризи од Макпетрол на „Никон опен“ во Софија

Абдурахим Идризи (- 55 кг, Макпетрол) го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција на Меѓународниот турнир „Никон опен“ во Софија, Бугарија, и ја одбрани честа на својот клуб.

Во првиот меч Абдурахим славеше 5-0 против Дритон Халими од Фати, во вториот 3-0 над Тео Кристос од Кипар, во полуфиналето беше подобар од Стефан Трпчев и во финалето е поразен со тесен резултат од 2-1 од Столе Смилковски од Олимпик.

Од клубот имаа забелешка на судењето во финалето.

Идризи ја извојува единствената победа во екипниот дел.

На турнирот учествуваа над 800 спортисти или 1077 пријави, што укажува на големината на Никон опен 2018.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON