
Репрезентација во борење се враќа со сребрен медал од Меѓународниот турнир „Турција ворлд 2025“ кој се одржа во далечниот град Артвин во Турција.

„Абдулазиз Азизи блескаше на турнирот во Артвин, освојувајќи сребрен медал со златен сјај“, вели тренрот Артан Реџепи и додава:
„Дардан Бела и Ендрит Сулејмани покажаа висок квалитет и ги завршија борбите на петтото место, во конкуренција со некои од најсилните светски сили во борење“.

На овој урнир прв пат учествува екипа од Македонија, на кој ќе настапат борачи од 11 држави.
За екипата на Македонија на Турција ворлд настпи со:
Бекон Бислими 35 кг
Алтин Бислими 38 кг
Омер Зенели 52 кг
Ендрит Сулејмани 41 кг
Дардан Бела 57 кг
Трим Пацолли 68 кг
Илхан Муртези 68 кг
Абдулазиз Азизи 52 кг



