Две сребра и една бронза за натпреварувачите на Дан кју на Меѓународиот џиу џицу турнир „Мимоза опен 2020“ во Херцег Нови, Црна Гора.
Браќата Јаким и Зоран Колевски се закитија со сребра, а Ина Цакончевска со бронза.
Им честитам на децата на храбрите борби. Штета што изгубивме во две финалиња. Им благодарам на родителите за поддршката“, вели тренерот Александар Ацевски.