Србинката Јована Перковиќ е олимписки карате шампион

Србинката Јована Перковиќ стана првата олимписка шампионка во карате борби од Србија.

Перковиќ во категоријата до 61 килограми на Олмписките игри во Токио ја совлада Шјаојан Јин од Кина по судиско изјаснување откако борбата заврши 0-0.

Српската каратистка беше поагресивна и зададе повеќе удари.

Таа во полуфиналето славеше на Турчинката Мерве Чобан 2-0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON