Страотно промо-видео за пресметката Мек Грегор-Алаварез (ВИДЕО)

mek-gregor-alvarez-montaza

Главниот настан на УФЦ 205 во Њујорк ќе биде мечот за титулата во лесна категорија меѓу шампионот Еди Алварез и предизвикувачот Конор Мек Грегор, а од УФЦ ни понудија и прекрасно промо-видео за средбата.

И ако за Алварез е важно да го зачувува појасот и големиот престиж, победувајќи го Мек Грегор, залог за Ирецот е место во историјата. Со евентуална победа тој би станал првиот борец во УФЦ, до овој момент, кој поседува два шампионски појаси од две различни категории во исто време.

Видете го највпечатливо промо за дуелот на 12 ноември, кој ќе биде и шлаг на тортата и без тоа на пеколно импресивната фајт-карта на настанот во Медисон сквер гарден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО