Пред потенцијалната борба меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер падна уште една пречка.
Спортската комисија на Невада (NAK/НАК) ќе го одобри бокс мечот меѓу шампионот Мејведер и првакот на УФЦ.
Иако двоецот се уште нема постигнато договор, првиот човек на НСАК, Боб Бенет, изјави дека ќе му биде чест борбата да се одржи во Лас Вегас.
Мејведер надвор од Невада не се борел од 2005 година.
Ирецот може да побара боксерска дозвола од Спортската комисија на Невада, иако критичарите предупредуваат дека станува збор за дебитант во професионалниот бокс против еден од најголемите боксери на сите времиња.
„Тоа е дефинитивно борба што може да се одобри”, изјави Бенет за Боксинг њус.
„Ова не е прв пат вакво нешто да се случува. Тоа е мала аномалија, но и двајцата се феноменални борци“.
“Во август 1957 година Флојд Патерсон се бореше против Пит Радемечер, на кого тоа му беше професионално деби и се бореше за титулата светски шампион во тешка категорија. Патерсон победи со нокаут во шестата рунда. Иако ова ќе биде деби на Конор, постојат некои преседани, но ова ќе биде прв пат гледаме двајца борци на тоа ниво, еден од ММА светот, другиот од боксот да се борат“.
Иако Радемечер во неговата прва професионална борба се бореше за титулата во тешка категорија, сепак станува збор за олимписки победник од Мелбурн во 1956 година, додека Мек Грегор има мало искуство во аматерскиот бокс. Тренирал кратко време во еден локален клуб во Крамлин, а во ММА помина пред стане јуниор.
„Една од клучните работи е дека Конор е феноменален спортист“, продолжува Бенет.
„Почнал да тренира кик бокс на 12 години. Како младинец бил првак на Ирска во бокс. Тој е борец во стој со големи достигнувања во УФЦ и докажа дека тој може да се бори како стенд-ап борец. Мислам дека сигурно заслужува одобрение за борба со Мејведер“.
Мек Грегор неодамна плати на НСАК/NSAC 25.000 долари казна за инцидентот на прес-конференцијата со Нејт Дијаз.