Илиоски: Ова признание ми дава мотив за работа и гордо да ја претставувам Македонија на кик бокс сцената во целиот свет

Спортистот  на годината 2024-та Бобан Илиоски се обрати на Фејсбук.

„Ја имам честа и оваа година да бидам избран за најдобар спортист на Македонија и да добијам признание од премиерот Христијан Мицковски.

Убаво е за нас, спортистите, кога има луѓе кои го следат и поддржуваат нашиот труд.

Ова признание ми дава мотив за работа и гордо да ја претставувам Македонија на најголемите кик бокс сцени низ целиот свет“, напиша европскиот шампион Илиоски кој кој на Европското првенство во Атина, Грција, го освои златниот медал во лоу кик до 86 килограми.

Тој по втор пат е избран за спортист на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON