Според букмејкерите: Гонзага е фаворит во мечот со Кро Кап!

cc_gonzaga

Габриел Гонзага е фаворит во вториот меч против Мирко Филиповиќ . Само една недела пред овој историски реванш меч во Краков, Полска, „букмејкерите“ излегоа со нивните коефициенти.

 За волја на вистината, тешко беше и да се очекува дека Кро Кап би можел да ја има улогата на фаворит, со оглед на тоа како помина првиот нивен дуел. Од него поминаа долги осум години, а и двајцата сега се сосема различни борци од тогаш.

 Денес, онлајн букмејкерите нудат 01:57 за победа на Гонзага, додека коефициентот на Мирко е 02:35.

 Како утеха на Хрватот ќе му послужи враќањето во минатото, во 2007 година, кога Кро Кап имаше коефициент 5:1 и беше фаворит против Гонзага, а фановите на ММА, всушност, се жалеа дека Мирко е мал фаворит против Бразилецот (screemshot- екранот). Тогаш Гонзага го шокираше светот, затоа хрватите се надеваат дека повторно ќе го видат истото сценарио, но со заменети улоги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON