За прв пат во историјата на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) беше организирано Државно првенство за ветерани кое се одржа вчера во Прилеп. Први шампиони ветерани се: Маке Спиркоски, Горан Мицкоски и Марјан Колев.
Освојувачи на медалите се:
-81 кг1.Маке Спиркоски
2.Киро Здравески
3.Диме Џагадуроски
–90 кг
1.Горан Мицкоски
2.Рубин Пеески
3.Никола Божиновски
+100 кг
1.Марјан Колев
2.Дејан Џикоски
3.Мето Ангелов
„Како за прво Државно првенство бројот на учесниците беше за поздравување, но секако позитивните реакции и во салата за натпревари и на социјалните мрежи и официјалните адреси на Федерацијата беа во голем број. Секој од оние кои беа присутни или коментирале или, пак, се информирале преку трето лице, сите тие упатуваа само пофални зборови и ветување дека на следното Државно првенство или натпревар за ветерани и тие ќе бидат дел од настанот“, велат од ЏФМ.
Најголеми заслуги за активирањето на ветераните има Киро Здравески.
Ipon.mk