Спенс и Крафорд ќе дадат „паунд фор паунд“ шампион, според Браун

Том Браун е уверен дека Ерол Спенс Јуниор и Теренс Крафорд ќе го дефинираат најдобриот боксер во светот кога ќе се судрат за неприкосновената титула во велтер категорија на 29 јули.

„Како што кажав претходно на прес-конференцијата во ЛА, ова е најголемиот можен меч. Ги имаме двајцата најдобри боксери во светот, двајцата влегуваат непоразени на овој меч. Не сме виделе борци со ваква вештина во дивизија од Леонард-Хернс во 1981 година“, рече промоторот за Бокс сцена.

Борбата ќе се одржи во Лас Вегас кон крајот на следниот месец и очекувањата секако се големи, со вкупно 55 нокаути меѓу нив во 67 натпревари, па навистина е тешко да се замисли поспектакуларен натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON