Милјана Рељиќ и Емил Павлов го носеа македонското знаме на отворањето на Европските игри (ВИДЕО)

Вечерва свечено отворени Европските игри Краков, Полска, кои почнаа денес, а ќе завршат на 2 јули. Македонија настапува со 17 претставници во седум спортови. Милјана Рељиќ и Емил Павлов го носеа македонското знаме на отворањето. 

Ова е трето издание на Европските игри и би требало да претставуваат индикатор за формата на македонските најистакнати спортисти во олимписките спортови, на една година до Олимписките игри во Париз.

На првото издание во Баку 2015 година каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски освоија бронзени медали. Павлов има шанса да го повтори и подобри успехот во третиот настап на Европските игри. Павлов настапите ги почнува утре. Но за медал имаме повеќе адути, како олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски, Милјана Рељиќ, а може да изненади и енкој од боксерите.

УЧЕСНИЦИ НЕ ТРЕТИТЕ ЕВРОПСКИ ИГРИ

Емил Павлов карате
Дејан Георгиевски таеквондо
Милијана Рељиќ таеквондо
Анамарија Георгиевска таеквондо
Озмен Илхан Атила бокс
Ален Рустемовски бокс
Арјан Исени бокс
Анастасија Мојсовска стрелаштво
Мартин Ангелески стрелаштво
Димитар Пејчиновски текбол
Анѓел Петрушев кајак
Никола Малевски кајак
Владимир Малевски кајак
Никола Николовски мечување
Петар Србиноски мечување
Петар Дамјаноски мечување
Матеј Тодороски мечување

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО