Спектакуларна завршница на УФЦ 189: Мек Грегор ја носи привремената титула во Ирска, Лоулер ја одбрани!

conor zastava

ММА настанот УФЦ 189 се одржа рано утринава и вклучуваше меч за шампионската титула во полусредна категорија, како и атрактивната пресметка меѓу Конор Мек Грегор и Чад Мендез.

 Како подглавен настан борбата за одбрана на шампионската титула на Роби Лоулер против Рори Мек Доналд. Мек Доналд кој веќе имаше еден пораз од Лоулер и овој пат се закануваше дека ќе победи и ќе однесе во Канада. Работите не се развиваа според неговите планови.

Уште од почетокот двајцата борци почнаа со сериозни тешки удари, а во исто време ги испитуваа силите. Така беше и во втората рунда, но тогаш, постепено почна и темпото почна да се зголемува. Рори имаше зададено повеќе удари, но, кон крајот на рундата Лоулер зададе неколку сериозни удари кои го раскрвавија носот на Рори.

LawlerRobie-ScrenUFC

Во третата рунда Лоулер изгледаше многу добро и продолжи со тешките удари, разбивајќи му го уште повеќе лицето на Рори. Во четвртата рунда Мек Доналд му се пушти на Лоулер и доста добро го притисна, но успеа да преживее до крајот на рундата.

Во петата рунда двајцата влегоа со многу повреди. При еден напад Рори се фати за оградата и тогаш Лоулер зададе многу силен лев директ во носот на Канаѓанецот, по што тој падна и судијата го прекина мечот.

https://youtu.be/WKlvyKS5LJ4

Главниот дуел меѓу Конор Мек Грегор и Чад Мендез се одржа со многу вербални напади од страна на Ирецот, кои продолжија и во октагонот за време на средбата. На почетокот Ирецот успеа да се справи со обидите за уривање на Мендез, но на крајот беше соборен. Американецот нанесе неколку удари во партер, но дозволи Мек Грегор да се исправи. При една од разамените на удари се отвори аркадата на Ирецот, а малку потоа Мендез повторно го пренесе дуелот на партер, каде што нанесе многу удари, а Мек Грегор почна да крвари уште повеќе, но не престана да го навредува противникот.

Во втората рунда продолжија навредите од страна на Ирецот. Тој започна да нанесува атрактивни удари, кои повеќето завршија во лицето на Мендез. Чад успеа да се одбрани и продолжи на земја да нанесува удари, а направи и обид за гилотина. Конор сепак успеа да се пробие, а Мендез изгледаше прилично изморен. Тогаш Ирецот го искористи моментот и нанесе силен удар со десната рака, кој го собори Американецот. Мек Грегор веднаш скокна врз него и го доврши со удари, додека не интервенираше судијата и не ја прекина борбата.

Еве ги сите резултати од УФЦ 189:

Conor McGregor го победи Chad Mendes со TKO (Round 2 , 4:57)

Robbie Lawler го победи Rory MacDonald со TKO (Round 5 , 1:00)

Jeremy Stephens го победи Dennis Bermudez со TKO (Round 3 , 0:32)

Gunnar Nelson го победи Brandon Thatch со клуч (RNC,Round 1, 2:54)

Thomas Almeida го победи Brad Pickett со KO (Round 2, 0:29)

Matt Brown го победи Tim Means со клуч ( Guillotine Choke , Round 1 , 4:44)

Alex Garcia го победи Mike Swick со судиски решение ( 29-28, 30-27, 30-27)

John Howard го победи Cathal Pendred со судиски решение ( 28-29, 29-28, 29-28)

Cody Garbrandt го победи со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Cody Pfister победи Yosdenis Cedeno со судиска одлука ( 29-28, 29-28, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО