Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески вчера во Софија, Бугарија, се сретна и со претседателот на Европската боречка федерација, Цено Ценов, со кого се разговараше за состојбите во боречкиот спорт и можноста во Република Македонија да се изгради регионален центар за борење со седиште во Штип.
Истовремено, на средбата беше договорено македонските борачи бесплатно да ги користат спортските објекти и бази во Република Бугарија за подготовка за официјалните меѓународни натпревари.