Спасеновски во АМС: Наредниот медал ќе биде злато

Македонскиот каратист Петар Спасеновски оствари голем успех на Европското првенство за сениори во Газијантеп, Турција, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата до 84 килограми.

„Наредниот медал ќе биде злато“,  рече Спасеновски на прес-конференцијатата во Агенцијата за млади и спорт.

Шанса за медал имаше и македонската репрезенативка Вероника Костовска која изгуби во борбата за бронза од Французинката Лаура Сиверт, и заврши на одличното петто место. За почит е и одличното седмо место за младиот машки ката тим.

Агенцијата за млади и спорт, согласно правилникот, ги категоризира успесите на освојувачите на бронзениот медал Спасеновски, како и петтото место на Костовска.

„Уште еднаш каратистите ја претставија Македонија во најдобро светло и докажаа дека има иднина во младите карате натпреварувачи, а Карате федерацијата е на прав пат“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON