СП: Аид Салихаси поразен од Индиецот Пури (ВИДЕО)

Аид Салихаси (-50 кг)е поразен на Светското кадетско првенство во борење слободен стил во Атина со технички туш во осминафиналето од Индиецот Ајај Пури, односно со резултат 10-0.

Во првата рунда резултот беше 6-0 за Индиецот, а во втората направи уште четири поени со што ја доби борбата и обезбеди дуел со Акбар Курбанов од Казахстан.

Нашиот млад борач претходно успеа да го освои петтото место на Европското првенство во Сараево, но таму настапуваше во категоријата до 46 килограми.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО