Поранешниот шампион во полутешка категорија Љото Мачида се соочи со непобедениот борец во средна категорија Ерик Андерс пред УФЦ Фајт најт 125, кој ќе се одржи на 3 февруари.
Мачида (22-8) неодамна се врати откако беше суспендиран поради користење на забранети супстанции по мечот на УФЦ Фајт најт 119, каде што беше нокаутиран од Дерек Брансон. 39-годишниот „Змеј“ е во серија од три последователни порази и овој пат ќе се обиде да победи.
Што се однесува до Андерс (10-0), тој е беспрекорен во кафезот. Во последниот настап постигна победа со одлука на судиите против Маркус Перез на УФЦ Фајт најт 123.