Соочување на Бадр Хари и Хесди Гергес (ВИДЕО)

Бадр Хари и Хесди Гергес учествуваа на прес-конференција за Глори 51 што се одржува на 3 март во Ротердам.

За разлика од воведот и самата борба „Ит’с Шоутајм“ за титулата во 2010 година во која Мароканецот беше дисквалификуван, во очи на равенашот работите поминаа мирно.

На 33-годишниот Хари ова ќе му биде прва борба по поразот од Рико Верховен во декември 2016 година и излегувањето од затвор.

Гергес доби само две од последните седум битки. На последното влгување во рингот минатиот септември во Амстердам Младен Брестовац го нокаутира за 36 секунди.

Глори 51 Ротердам
Бадр Хари – Хесди Гергес
Томаш Мозни – Даниел Шквор

Турнир во велтер:
Ејеван Даненберг – Џими Виено
Тонгчаи Ситсонпеенонг – Алан Шејнсон

Глори 51 Супер фајт серија
Седрик Думбе – Алим Набијев
Мајлс Симсон – Мохамед Јараја
Тијани Бештати – Анил Кабри
Масаро Глундер – Виктор Пинто
Кевин ван Хикерен – Барт Крон

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО