Сонен: Мејведер е банкротиран, зашто е глупак и не е многу бистар!

Боксерската ѕвезда Флојд Мејведер повторно ќе се врати во рингот, тврди ММА-борецот Каел Сонен, дополнувајќи дека сето тоа е затоа што боксерот практично – банкротирал.

Последен меч на Мејведер беше дуелот со Конор Мекгрегор, по кој заработи преку 100 милиони долари од мечот на деценијата, но Сонен смета дека Флојд нема да се испроба во ММА, туку ќе продолжи со боксот од причина што има се помалку пари.

„Флојд нема да се бори во ММА, туку пак ќе боксува. Планира да се активира само за еден меч. Банкротирал и мора повторно во ринг за да заработи нешто“, изјавил Сонен.

Инаку Мејведер беше еден од најплатените спортисти на светот и тој често на социјалните мрежи го покажуваше своето заработено богатство од мечевите, па нејасно е како успеал толку милиони евра да ги потроши.

„Не е важно колку си заработил, туку битно е колку си сочувал. Мејведер е прав глупак, не е баш бистар човек, а и луѓето околу него се уште помалку бистри

Инаку според некои пресметки Мејведер во кариерата заработил – една милијарда долари.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON