Позитивната енергија во Скопје ги понесе сенсеите Ѓокиќ и Пејов да еруптираат (ФОТО)

Покажавме дека не само Јапонец, туку и ние од Балканот може да собереме каратеки и да демонстрираме многу квалитетни сегменти од карате вештината, вели сенсеи Милан Ѓокиќ по првиот ден од семинарот во Скопје, како сублимат на трите дена од Големиот балкански карате семинар.

„Прекрасната атмосфера и одличната организација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ме понесоа, енергијата сама ми доаѓаше. Ме воодушеви присуството на карате мајсторите и големиот број на млади каратисти. Таа позитивна енергија го извлече максимумот од мене. Чувствувам дека утре ќе кулминира семинарот. Нешто во мене ми велеше дека Скопје ќе биде центарот на ерупцијата на Големиот балкански карате семинар. Со душа го чекам денешниот тренинг“, изјави Милан Ѓокиќ за Ipon.mk.

Сенсеи Ѓокиќ истакнува дека му е драго што оваа идеја произлезе од човек од овие простори, затоа што Балканот има што да му покаже на светот.

Видливи беа и импресиите на сенсеи Зоран Пејов, кој и самиот се фасцинира од организацијата на луѓето од Карате центар „Пејов“ со менаџментот на Борис Трајковски, или, како што ќе речи Ѓокиќ:„Рефлекторите и целокупниот амбиент што е направен во оваа сала те подига да дадеш се од себе“.

„Ова е демонстрација на изворното и модерното карате, подигање на нивото на борбената способност. И благодарам на сите карате мајстори кои земаа учество и му дадоа посебен белег на првиот ден на Големиот балкански карате семинар. Денес очекувам уште повеќе наши мајстори и каратисти, демонстрации на борбени техники, и, најважното, кое и вчера беше дел од семинарот, техниките на диешење кои даваат енергија и поголема психолошка подготвеност за врвни резултати“, рече Пејов.

И Пејов и Ѓокиќ потенцираат дека позитивната енергија се почуствувала и меѓу гледачите на семинарот кои на неколку пати со апалузи ги наградија демонстрациите, што помалку е невообичаено за семинари од ваков тип.

На првиот ден од семинарот учествуваа над 70 каратисти и членови на Македонската џиу џица федерација од 12 клуба. Денес демонстрација ќе има и сенсеи Тони Петров од Бугарија, мајстор за карате и џиу џицу.  Се очекува денеска да има многу повќе мајстори и учесници на семинарот.

Да посетиме дека семинарот започна на 26 март во Ниш и продолжи и на 27, па наредниот ден се пресели во Лесковац, вчера и денес е во Скопје, а утре завршува во Софија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО