Веднаш по завршувањето на борбата против Френк Мир, Федор Емилијаненко во кафезот се соочи со идниот противник, Чаел Сонен.
Сонен во кафезот дојде како и што беше најавено, со цел за прв пат да се погледне во очи со противникот кој дели од настапот во финалето на Гран-при турнирот. Тоа на крајот беше Федор Емелијаненко, а Сонен првично срдечно му честиташе. Се разбира, имаше нешто да каже, откако му беше врачен микрофонот. И од она што го рече се чини дека нема убава добредошлица.
„Единственото нешто што го мразам повеќе од она што сега сум во Чикаго е тоа што сум сега во кафезот со тебе“, рече Сонен, а потоа додаде: „Кога иддниот пат ќе се најдеме во него, ќе се потрудам тоа да биде што пократко“.
Федор цело време само се смешкаше, иако можеме да претпоставиме дека разбрал поголем дел од она што го кажа Сонен. Потоа се гледаа очи в очи и накарајот средчно се поздравија.
Уште не е познато кога би требало да се одржи оваа борба, но бидејќи Белатор планира целиот ГП да го одржи оваа година, се претпоставува дека тоа ќе биде во август или во септември, а потоа да уследи финалето во декември.
https://www.instagram.com/p/BiJHMwiHZ4H/?utm_source=ig_embed
https://youtu.be/eBd5QB6BRys
.