АктуелноБоксПрофесионален

Сол Алварез – Канело сака реванш со Теренс Крафорд

Мексиканската ѕвезда верува дека само втора борба може да даде дефинитивен одговор на нивното соперништво.

Поранешниот светски шампион во четири категории, Сол Алварез, изјави дека е заинтересиран да има реванш со непоразениот поранешен шампион во три дивизии, Теренс Крафорд, и покрај тоа што Американецот официјално ја заврши кариерата.

„Секогаш му ја оддавав почитта што ја заслужува. Но, ни треба реванш. Мислам дека ако ги сака сите ловорики, треба да ми ја даде оваа втора борба. Реков по првата борба дека треба повторно да го направиме тоа затоа што не се чувствував онака како што сакав. Ми треба оваа борба повторно да се случи – и тогаш сè ќе биде поинаку“, беше цитиран Алварез од „Ринг“.

Крафорд, кој има 38 години, го имаше професионалното деби во 2008 година и изгради една од најимпресивните кариери во модерниот бокс. Освои светски титули во пет различни тежински категории – од лесна до велтер категорија – и ја заврши натпреварувачката кариера во декември минатата година.

Сепак, зборовите на Канело повторно ги разгореа шпекулациите за можното враќање на Крафорд за уште еден голем меч – реванш што би имал сериозно влијание врз светската боксерска елита.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON