Нешто што требаше да биде само рутина се претвори во тензија која резултираше со оставка на првиот човек на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и напуштање на Собранието од страна на претсавниците на БК Балканец.
Всушност, камен на сопнување беше нерасчистениот извештај за работењето на претходното раководтсво на чело со Чедо Николовски, што директно влијае на точките за усвојување на записникот од редвоното годишно Собрание одржано на 30 октомври 2015 година, како и на наредната точка за рагзледување и усвојување на извештајот за работа на ФБСМ за периодот 1.1.2015 до 23.6.2016 година, со финансиски извештај: со извештаи на потпретседателите и комисиите на ФБСМ.
„Беспредметно е да се разговара за соработка кога не се знае колку долгови има Федерацијата. Од друга страна, во УО партиципираат луѓе кои не носат пари и клубовите не им работат, а тие одлучуваат за стратегија во борењето. Додека не ја направиме ситуацијата во ФБСМ на нула, во однос на финансиската ситуација, не може да зборуваме за развој. Инисистирам да го одложиме Собранието за 1-2 месеци“, рече претседателот на БК Балканец, Марјан Атансов.
Другиот член на раководтсвото на штипскиот клуб, Методи Сичков, заблежа дека претходно било речено оти ќе има реконструкција на македонското борење.
„Не гледам ништо. Се се решава во полседен момент. Уште нема ништо од извештајот за ЕП“, рече Сичков и побара одговор каде се парите од ЕП во 2013 година.
Страшо Глигоров истакна дека не може да се расправа за извештајот на ФБСМ, бидејќи некои комисии ги немаат доставено извештаите.
„Затоа Собранието е невалидно. Клучни комисии немаат извештаи. Собранијата се прават неорганизирано, а тоа беше причината за вонредното Собрание. Да прашам: Дали е доставен извештај од поранешниот претседател Чедо Николовски? Дали комисиите имат доставено ивештаи?“, нагласи Глигоров.
Му беше реплицирано дека тој бил во комисијата што требаше да го испита работењето на Николовски, на што одговори дек тој си дал оставка, но и дека на Комисијата не и се доставувани материјалите.
„Клучните комисии ако не дадат извештаи Собранието не може да се одржи“, заклучи Глигоров.
По нивните говори атмосферата се вжешти, а Чифлиганец инсистираше да се дискутира по точките и кој има забелешки тие да влезат во записникот и така да се работи на развој на борењето. Тој призна дека има дубиози и дека се уште стигнуваат фактури на име на ФБСМ, па и извршители.
„Освен Стручниот совет, другите немат доставено извештаи“, обjасни претседателот на ФБСМ, нагласувајќи дека не оставиле ниту една програма да не се реализира, дека за прв пат е направена монографија и дека многу клубови биле активни и помогнале во саниреањето на состојбите во борењето, а Лирија била носител на активностите.
Тој истакна дека само Алкалоид и помогнал на Федерацијата со 5.000 евра.
Кога требаше да се гласа за извештаите со забелешки за иземање на делот за 2008-2013 година, атмосферата уште повеќе се вжешти, бидејќи Добре Маринковски посочи дека тој и Томе Коцев имаат право на глас, а не актулените функционери на Блаканец. Чифлиганец рече дека треба да останат и да не се правата херои со напуштање на Собранието. По ова Атансов, Сичков, Богданов и Коцев ја напуштија работата на Собарнието.
По што се завршија преостанатите точки за изгалсување на новиот член на УО, Марјан Атанасов, измена на Статутот заради услогласување со Законот за спорт. За да ја намли тензијата во штипското борење Маринковски си поднесе оставка од член на Собранието.
И за крај следеше шлагот, кој никој н его очекуваше, претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, си даде неотповиклива оставка.
Потпретседателот Бетим Вренези и Насе Насев, спортскиот директор во Фдерацијата, се обидоа да го разубедат, барем, одлуката да ја одложи до септември.
Директорот на МОК, Владимир Богоевски, истакна дека не видел вакво однесување на едно Собарние, нагласувајќи дека борењето било подржаувано и се стипендирани тројца борачи со верба дека ќе освојат норма за Олимписките игри во Рио. Богоевски рече дека МОК и понатаму ќе го поддржува борењето, но дека за наредниот олимписки циклус на голема врата влегува каратето, затоа што има резултати, а може да се надеваме на трофеи и од наредната Олимпијада.
Инаку во извештајот за финансиското работење се наведува дека во 2016 година од Македонскиот олимписки комитет во ФБСМ се слеале 1.289.349 денари, од Адора инжинеринг 610.000, а во 2015 година 526.686 или севкупно 1.137.249 денари. Од друга страна, оваа компанија на сметката на МОК уплатила 1.225.249 денарио за подготовки на олимписките кандидати.
Агенцијата за млади и спорт за работата и настапите на борачите дала 1.900.000 денари.
За извршни решенија од ФБСМ се насплатени 115.200 денари за неплатен долг кон хотелот Вип за 2014 година. Потоа 72.931 денар за танкирано гориво од Мото центар груп од Скопје за периодот 4.6.2013-18.12.2014 година, со забелешка дека со оваа фирма ФБСМ нема склучено договор за танкирање. Се наведува дека возилото на Чедо Николовски, поранешниот претседател на ФБСМ, е полнето гориво во износ од 31.720 денари; на Сашо Димитровски, поранешен член на УО на ФБСМ на сметка на Федерацијата е танкирано гориво во вредност од 12.250 денари, а на лицето Никола Гајдов (негов зет) е поленто за 3.250 денари.
Во информацијата до Собранието се вели дека на сметка на ФБСМ за потребите на политичката партија СДУ е танкирано гориво во вкупен износ од 14.660 денари. Од вкупен износ на долгот за потребите на ФБСМ за учество на Меѓународен турнир за гориво се потрошени само 6.159 денари.
Ipon.mk/В. Д.