Конор Мек Грегор: Не можам да живеам со поразот од Нејт Дијаз

Konor nejst dijaz vo pozadina

Во август Конор Мек Грегор ќе добие шанса да реванш со Нејт Дијаз по поразот што му го нанесе Американецот на УФЦ 196.

Тие ќе се сретнат на УФЦ 202, а Конор изјави дека се „раскинува од вежбање“, за да биде во целосна борбена готовност за реваншот со Дијаз.

„Се кинам од вежбање за овој реванш. Знам дека се соочувам против висок и голем левучар, кој има добра предна рака. Сега во мојот тренинг камп има високи и јаки левучари со добри предни раце, како и момчиња со големи квалитети во џиу-џицу. Џон ја следи целата работа“.

„За време на првиот меч претерав со тренинзите, а диетата не ми беше добра. Сето ова се сврте против мене. Сега сум строг со исхраната и добро тренирам за средбата“.

„Имајќи во предвид што се случи во првиот меч, едноставно не можам да живеам со тоа. Треба да се изолирам, да се вратам во октагонот и да постигнам победа во реваншот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО