На Меѓународниот турнир „Сакура“ што се одржа во Катерини- Грција донесе нови искуства и 12 освоени медали за Џудо клубот Пролетер од Прилеп.
Освојувачи на медали се: Томеска Марија, Кироваков Марко и Макеска Александра -златни мадали. Сребрени медали освоија: Петрески Мартин, Спиркоски Давид -помлади пионери, Петејчук Лука и Димеска Теодора. Бронзени медали освоија: Спиркоски Николче, Спиркоски Давид -постари пионери, Самарџиоски Петар, Ѓеорѓиоски Јордан, Трајческа Ана Марија.
„Веста за прераната смрт на Марио Србиноски, член на нашиот клуб, силно ги потресе сите во клубот и овие резултати ги објавуваме со голема болка и тага за нашиот член, репрезентативец и одличен другар“, велат од ЏК Пролетер.
ipon.mk/В.Д.