И Чифлиганец во Штип за смирување на страстите во Балканец?

Korneev i Emre Bekirov
Во БК Балканец статус кво. И по вонредното Собрание, ништо ново. Дознаваме дека деновив во Штип претстојувал и претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, кој бил примен во локалната самоуправа. Чифлиганец информирал за идејата во Штип да се изгради регионален боречки центар. Дознаваме дека Чифлиганец ,при претстојот во Штип, имал средби и со двете паралелни раководства на Балканец. Дали успеал да ги смири страстите, времето ќе покаже. 

Sobranie na Balkanec 4 za
Како што е познато, на вонредното Собрание на клубот беше избрано ново раководство. Неофицијално, новото раководство се уште чека решение од Централниот регистер на Македонија, што значи Балканец го води старото раководство, со Добре Маринков на чело.
Денеска имавме можност да разговараме со рускиот тренер Николај Корнејев, кој во центарот на Штип беше во друштво со младиот борач Емре Бекиров. Според Корнеев, сениорите на Балканец доаѓаат на тренинг, но само играат фудбал. Младите борачи се распоредни во три групи, по десетина во група, и работат со Маринков, Гордан Николов и Горан Стојанов, а со нив соработува и Николај Корнејев.
„Со младите работиме активно. Во нив има „материјал“. За другите борачи не сакам да зборувам“, вели Корнеев.
„На Балканското кадетско првенство во Бурса, Турција се пласирав на 5 место во категоријата до 48 килограми. Во првата средба победив романски борач, но во втората загубив. Првпат учествувам на едно вакво натпреварување“, ни рече 16 годишниот Емре Бекиров.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО