Бројот 19 во македонскиот спорт има големо значење, бидејќи на олимпискиот шампион Шабан Трстена се му е поврзано со овој број и е култ во неговата кариера, а најдобриот македонски фудбалер во последните децении Горан Пандев гипостигна најголемите успеси носјќи го овој број на дресот, однонсо ја освои Лигата на шампионите со екипата на Интер од Милано.
Трстена бројот 19 го поврзува со многу факти и случувања и затоа вели во монографијата дека овој број има голема симболика за него.
Многу работи во минатото, а сега се поврзуваат со бројки, дури многу работи се искажуваат на математички начин. Дали може бројот да биде преносител на една мистична моќ? Ако директно бројот 19, кој содржи многу кодови, не е мистичен или митски за Трстена, тогаш треба да се каже дека истиот во себе ги содржи најзначајните случувања во неговиот спортски живот. Се се врти околу бројот 19. Овој број исто така е познат како број на чуда или алармантен број, епитети кои се спомнуваат и во светиот Куран, како припадник на исламската вероисповед.
19 ги содржи најзначајните спортски настани и кај секого буди посебна љубопитност за животот на Трстена.
19 е табло во вистинска смисла на зборот за животот на шампионот Шабан Трстена:
– на 19 години стана олимписки шампион;
– на 19 години стана европски шампион;
– на 19 години стана и продолжува да биде олимписки рекордер во историјата на светот, ,станувајќи најмлад освојувач на златен медал;
– на 19 години е прогласен за спортист на Југославија;
– на 19 години е прогласен за спортист на Македонија;
– на 19 години е прогласен за балкански шампион;
– на 19 години е прогласен за спортист на град Скопје;
– 19 победи на три олимпијди на кои учествуваше;
– со 19 медали ја заврши спортската кариера;
– неговата спортска кариера траеше точно 19 години;
– на 19 години синот Илир му ветува дека ќе се ангажира за печатење на неговата монографија за бујната, силната и енергична дејност во животот на неговиот татко, како борач на светските спортски арени.
Олимпискиот шампион бил изненаден од зборовите на неговиот син Илир кој му ветил дека ќе издаде книга за него. Се почнало кога еден ден Илир на својот татко му подарил микрофон и уред зa снимање, на што шaмпиoн направил шега на своја сметка дека тој не новинар, но, момчето мy рекло: „Тато, ќе станеш новинар за себе, да ја раскажеш историјата на твојот живот, ден и ноќ, од почеток до крај, сите предизвици и тешки напори, победи, загуби, радости и таги, за тоа jac сакам да направaм eдна книга, за твojот сензационален спортски живот“.
Трстена, секогаш ја чувал во тајност идеата да објави една монографска научна студија, поврзана со спортскиот живот. Но, се надевал дека оваа студија ќе ја направат професионалци кои се бават со спорт, особено професори и доктори на спортската наука.
Попусто се надеваше, дури со децении. Често преживуваше и моменти на разочарувања за неразбирливиот молк на науката на меѓународниот спорт, а поврзани со неговите светски достигнувања. И доаѓа еден од тие денови кои носат пријатни изненадувања, незаборавни. Oд
неговиот син Илир, во 2012 година, инспириран од информациите кој ги собрал за неговиот татко,со ентузијазам и неоспорна волја, а само што наполни 19 години. Истата возраст на која татко му стана олимписки шампион. Знаејќи ја спортската големина на неговиот татко, му ветува дека се ќе стори книгата да излезе на виделина, да се шири насекаде во светот.
Ipon.mk/В.Д.