Ламбе Иловски: Откажувањето на вицешампионите на Балканот е на душа на претседателот Драган Стојановски, не можев да ги запрам солзите

 

По повод последните пишувања за Азра Цури и останатите случувања во Карате федерацијата на Македонија (КФМ), односно како со една бирократска одлука ги откажуваат надежните каратисти од овој спорт до Ipon.mk стигна писмо од родителот и картист Ламбе Иловски во кое наведува уште еден примр на отакажување од овој спорт и репрезентацијата. Станува збор за неколку репрезентативци носители на дисциплината ката во машка конкуренција од КК Металург.

„Со ката тимот работевме секојдневно и макотрпно, формиравме тим за дисциплината кати во екипна конкуренција за јуниори. Имавме голем ентузијазам, дисциплинираност и голема посветеност. Трениравме во посебни термини, само за да имаме посебни услови со тимот. Покрај тоа што стана Државен првак, освоивме и сребрен медал на Балканското првенство во Истанбул, кога започна и понижувањето на спортистите. Можеби не требаше да освојат медал, или, пак, медалот го освоија во лош временски период, кога политиката на КФМ, не била спремна да го прифати“, реторички го поставува прашањето Ламбе Иловски кој се сеќавам дека исто како и сега Извршниот Одбор на КФМ, требало да донесе одлука дали децата беа балкански вицешампиони и со докажан квалитет, да одат на Светското првенство.

„Замислете која нелогичност, втори на Балканот, а каков притисок се направи, ама баш за ништо. Голема улога во лобирањето за неучествување на овој тим на Светското првенство директно имаше актуелниот претседател Драган Стојановски кој кажуваше дека тимот немал квалитет, иако тоа што се случуваше на Балканското првенство покажуваше сосема друга вредност за нашиот млад тим. Тогаш екипата на домаќинот Турција стана балкански шампион, а нашата екипа, како што кажав, беше втора, но со подобра изведба во двата сегмента и во изведбата на катата и во изведбата на бункаито, но како домаќини, сепак, тие победија“, истакнува Иловски.

Мислењето на тогашниот селектор за кати, Мирче Опеловски, било позитивно, исто така и на Стојан Андриевски, како негов помошник.

„Меѓутоа, претседателот, кој тогаш и сега се меша во секоја ситуација, беше со спротивно мислење, но неиздржано и неаргументирано. За да биде иронијата максимална, турскиот тим на Светското првенство стана светски првак, а нашиот тим беше предвремено дисфалификуван со една бизарна одлука на претседателот и ИО на КФМ и не отпатуваа на СП. Да потенцирам дека исто како и сега Светската карате федерација не правеше дополнителни критериуми за учество на тимот. Едноставно, сами на себе си наштетивме. Македонскиот тим со квалитетот што го имаше, сигурно ќе се замешаше во борбата за медали или евентуално за голем пласман. Сите проценки  беа дека тие ќе имаа пласман од 2-ро до 5-то место“, нагласува Иловски.

Понатаму во писмото наведува дека ги убедувавле децата се помират со одлуката која е донесена за нивно не учество, да се помират со ставот на КФМ, но се било, бидејќи тимот се распуштил, а целата макотрпна работа била упропастена и одела на душа на Драган Стојановски.

„Нивниот квалитет остана неизмерен поради една бирократска и диригирана одлука, која едногласно се изгласала од страна на Извршниот одбор. Се разбира дека потоа, како што е редовна пракса со години, во ресторанот Томче Софка, следувала награда за гласањето, со расфрлање на изобилие од храна и алкохол направена е невидена гозба. Бидејќи мора да се награди послушноста на членовите на ИО на КФМ“, констатира Иловски.

Како последица на вакавата одлука спортистите еден по еден се откажуваат од вежбање. Прво тоа го направил Јордан Неделковски, а веднаш потоа и Огнен Поповски, додека синот на Иловски само поради него останува да тренира уште еден временски период до потполното разочарување.

„Никола Иловски  продолжи со вежбањето и дојде во сениорска конкуренција. Сега се формираше нов ката тим со Марко Секуловски и Дино Шкоф. Упорноста на Никола Иловски и овој пат беше пресечена веднаш. За кратко време и овој тим, иако беше повторно најдобар и тој стана жртва на претседателот Драган Стојановски, кој во ниту еден момент не даде никаква, макар и морална подршка за функционирање на овој тим. Следеше откажување и на најдобриот македонски спортист во кати поединечно, Марко Секуловски (кој имаше и настапувано за репрезентацијата на Србија), а веднаш потоа се откажа уште еден квалитетен спортист Дино Шкоф“, потенцира Иловски, истакнувајќи дека упорноста на Никола Иловски продолжила, кој истрајал и продолжил да тренира, со тоа што не сакал да слушне ниту збор за дисциплината, туку се одлучил за борбите. За кратко време постигнува видни резултати, на Државните сениорски првенства е второпласиран.

„Омразата и желбата за освета на Драган Стојановски продолжи. Сега можам да заклучам дека немаше лична омраза од страна на судиите, но имаше директива која мораше да се исполни, а ја даваше „гробарот“ на македонското карате, претседателот на КФМ. Противниците кои директно ги финансира претседателот Драган Стојановски, мораше да бидат фаворизирани и заштитени од неуспех. Драган Стојановски, и тогаш имаше и сега дури уште повеќе има комплетна контрола на судиската организација, бидејќи како што вика и самиот, тој ги направил европските и светските македонски судии. Никола гледајќи ги ови случувања, иако имаше добри резултати на Премиер лигите и на Европското универзитетско првенство во 2013 година, кога освои бронзен медал. Се натпреваруваше и 2014 година, кога стана светски универзитетски вицепрвак на Светското првенство одржано во Бар Претседателот, и покрај упорноста која ја покажа Никола, ама баш никогаш не му даде макар и минимална или морална подршка. На крај дури побара да го вратиме татамит кои ни беше дадено за тренирање во клубот, за да купи други послушници. По се што беше направено, разочарувањето беше огромно и каратистот Никола Иловски предвремено, како и стотици други млади каратисти, откако е претседател Драган Сојановски се откажа од тренирање и понатамошно учествување на натпревари“, вели Иловски во писмото.

Како родител и каратист Иловски констатира дека судбината на Никола, за жал, не престанала и дека нема да престане, за  да нагласи: „Откако овој човек дојде да го уништи каратето, а не да го потпомогне“.

Ipon.mk

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО