Снимател се заборави во октагонот кога започна борбата (ВИДЕО)

Во петокот, во Санкт Петербург, Русија, се одржи ММА приредбата во „Опен фајтинг чемпионшип 363“, а навивачите на трибините и пред ТВ-екраните беа сведоци на еден од најчудните и најбизарните моменти.

Еден од снимателите остана во кафезот кога започна борбата. Инцидентот се случи на почетокот од четвртата рунда од мечот, во мува категорија меѓу Гаџимурат Гаирбеков и Дилшот Ниркузиев.

Судијата во октагонот забележа дека нешто не е во ред, за момент ја запре борбата и му нареди на снимателот да го напушти октагонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON