Смилковски и Свинарски се балкански шампиони, кадетките вицешампионки и Давид Петков

stole-smileski

Столе Смилковски (-55 кг) и Марио Свинарски се балкански прваци, а кумите тимот кадетки го освои сребрениот медал на Балканското првенство во Сараево за кадети, јуниори и јуниори 21. Давид Петков (-60 кг) освои сребро а Мартин Стојменов (-60 кг) бронза во У-21, а во истата конкуренција бронзени медали освоија Семир Ќосовиќ (+84 кг), Доан Османи (-75 кг) и Стефан Апостоловски (-67 кг).

medalisti-na-bp-2016

Смилковски во финалето беше подобар од Фуат Демирел (Турција) со 1-0.

stole-smilkoski-borba

Смилковски na БП во Сараево до финалето извојува четири победи против Аристидх Бучи (Албанија) 2-0, Никола Ковачевиќ (Србија) 2-0, Хрват, Елдин Хајдарпашиќ (Босна и Херцеговина) 2-0 и натпреварувач од Србија.

Марио Свинарски (-52 кг) во кадетска во финалето на Балканското првенството го совлада Страхиња Радојчин од Србија 3-0, а Лирим Емини го освои бронзениот медал во оваа категорија совладувајќи го 3-0 во борбата за медалот  Павле Дујаковиќ од Босна и Херцеговина.

Свинарски ги совлада Фарук Бајрак (Турција) 3-2, Денислав Стојанов (Бугарија) 6-0, Дарко Спасковски (Србија) 2-0, а ви полуфиналето против Хрватот Дарко Јурчевиќ извојува убедлива победа од 7-1.

david-petkov-i-martin-stojmenov

Емини во првото коло славеше со 5-0 против Бакир Омеровиќ (БиХ), но во второто беше поразен од финалистот радојчин со 3-2. Во репасажот беше сигурен и извојува три победи: Флорентин Лупса (Романија) 3-0, Петар Орешковиќ (Хрватска) 1-1 на изјаснување и 3-0 во борбата за медалот со Дујаковиќ (Босна и Херцеговина).

kadetki-vtori-na-bp-2016

Кумите тимот – кадетки (Цветковска, Милева, Морина, Петровска) во финалето за златниот медал загуби од хрватската репрезентација 0-2. До финалето ги совладаа репрезентациите на Бугарија и Србија со 2-0.

kadetkite-so-trenerite

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО