Големиот меч во перолесна категорија и официјално е потврден. Жозе Алдо Јуниор и Александар Волкановски ќе вкрстат ракавиците на 11 мај на УФЦ 237 во Рио де Жанеиро.
Алдо (28-4) во борбата влегува во крилата на две големи победи со кои се опорави од двата последователни порази против Макс Холовеј. Поранешниот шампион го победи Џереми Стивенс, а потоа и Ренато Моикано минатиот месец на настанот во Форталезе. Бразилецот во моментов е рангиран како прв предизвикувач во категоријата.
Волкановски (19-1) во декември на УФЦ 232 ја оставри најголемата победа во кариерата нокаутирајќи го поранешниот предизвикувач Чад Мендез. Австралијанецот по потекло од Македонија го зазеде 5-тото место во перолесно категорија. Во промоцијата сега е совршените 6- 0 и без пораз во последните 16 настапи.
Алдо веќе изјави дека има уште две борби по договорот, по кои планира да се пензионира. Во интервју за австралиските медиуми, Волкановски, кој и ја бараше борабата со Алдо, најави не само дека ќе го заврши Алдо, туку и дека ќе го испрати во пензија, исто како Мендез.
„Луѓе ме прашуваат дали ќе пензионирам уште една легенда?”, рече Волкановски.
„Не сакам така да зборувам за да не звучам лошо. Но ова можам да ви го кажам – ако Алдо бара излезе, јас ќе го натерам да се предеде многу брзо. Ќе го натерам да помисли дека „не сум повеќе за ова“ … Оваа борба е неверојатна прилика за мене. Целиот свет ќе види како ќе го завршам Алдо. Ќе станам голема ѕвезда по оваа борба“, вели Волкановски.
На УФЦ 237 исто така ќе ја гледаме борбата за титулата во сламка категориј меѓу шампионката Роуз Намахунас против Џесика Андраде. Промоцијата за настанот потврди уште седум борби:
Џаред Канониер – Андерсон Силва
Антонио Рожерио Ногеира – Рајан Спан
БЈ Пен – Клеј Гвида
Луана Каролина – Јанан Ву
Ирине Алдана – Бет Кореија
Тиаго Алвеш – Лаурено Старополи
Талита Бернардо – Џесика-Роуз Кларк
https://www.instagram.com/p/Buws_e8nwBH/?utm_source=ig_embed
.