Следниот меч на Кличко е со предизвикувачот на ВБЦ-Тајсон Фјури!

Клицко круска

Следната средба на Владимир Кличко најверојатно ќе биде одбрана на титулата на Меѓународната боксерска асоцијација (WBA/ВБА) против Британецот Тајсон Фјури, соопшти шампионот во тешка категорија по победата над Брајант Џенингс на поени во Њујорк, САД.

„Обврзан сум да ја бранам титулата. Како што изгледаат работите до овој момент, следниот кандидат ќе биде Тајсон Фјури. Овој натпревар очигледно нема да биде одржан во САД, туку на европски ринг. Знам дека тој е кандидат за титулата на Меѓународната боксерска асоцијација и мечот со него е нешто што сум должен да го направам. Во претстојниот период треба да одлучиме каде ќе биде одржан мечот – дали во Германија, или, пак, во Велика Британија“, изјави Кличко, кој е носител на титулите во тешка категорија во верзиите на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО. Кличко додаде дека наместо борбата со Фјури, претпочита такво нешто со Американецот Дионтеј Вајлдер, кој го поседува последниот појас што му недостасува на Украинецот – на Светскиот боксерски совет (WBC/ВБЦ).

Сепак, оваа средба може да биде закажана најрано во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО