Следната борба на Александар Ракиќ би можела да биде против Јан Блахович

На Александар Ракиќ засега му отпадна борбата со Јиржи Прохаска, бидејќи Чехот најверојатно ќе биде следниот предизвикувач, а ќе се бори против шампионот во полутешка категорија Гловер Тешеира.

Српскиот борец со австриски пасош беше поврзан со некои други борци, се споменуваше Магомед Анкалаев кој во меѓувреме договори меч против Тијаго Сантос и Ентони Смит, но американскиот борец се повреди.

Сега во медиумите протекоа информации дека следен противник на Ракиќ би можел да биде поранешниот шампион Јан Блахович од Полска.

Нивната борба би можела да се одржи во февруари или март следната година. Но, се уште нема официјална потврда.

Полскиот борец најави враќање следната година и се надева дека повторно ќе го освои појасот со победа или две.

Таа борба и победата против Блахович би можела да му обезбедат на Ракиќ борба за титулата, но Магомед Анкалаев секако би бил на листата на предизвикувачи доколку го победи брзо и убедливо Тијаго Сантос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON